Македонија

19 октомври, 2016

„Куку леле“ подготвува двоен албум

Популарното македонско дуо „Куку леле“ подготвува нов, двоен албум, на кој ќе бидат сместени повеќе нови, но и неколку веќе познати теми.

„Да, се собраа нешто повеќе песни од планираното, а ќе ги сместиме во дупли албум, односно два компакт-дискови поради различниот концепт. Знаете, како кога издавате компилација од свои поранешни песни, па на пример еден албум е само со балади, другиот е со брзи песни. Слично е и сега со нашиот материјал“, вели Роберт Саздов.

Инаку, за новиот двоен албум „Куку леле“ соработува со познати музички имиња од земјава, а во него исто така ќе гостуваат и неколку различни плех-бендови со кои Панки и Роберт настапуваат на нивните концерти. Исто така, до Нова година дуото ќе лансира уште две нови нумери, за кои има снимено и видео записи.

Извор и фотографија: Телеграф



Врати се горе ↑