1 април, 2017

„Куку леле“ ја претстави својата „Рома романтика“

„Рома романтика“ е насловот на неодамна објавениот, нов сингл на „Куку леле“, чиј комплетен автор е Роберт Саздов. Новата песна на дуото стигна заедно со видео запис, кој се снимаше во старата скопска чаршија и во кој се појавуваат децата од училиштето за танц „Брејк д флор“ (Break the Floor).

Покрај оваа нова песна, групата наскоро ќе претстави уште еден видео сингл, а дотогаш уживајте со нивната „Рома романтика“!



Врати се горе ↑