Свет Amy-Winehouse

19 ноември, 2012

Куќата на Ејми Вајнхаус на аукција

Домот каде што на 23-ти јули минатата година почина пејачката Ејми Вајнхаус ќе биде дадена на аукција. Имотот кој се наоѓа во Кемден, северен Лондон беше ставен на продажба уште во мај по цена од 4.2 милиони долари, но оттогаш нејзиното семејство не може да најде купувач за истиот.

Сега нејзиниот дом ќе биде ставен на аукција на 3-ти декември за приближно половина од почетната цена, односно за околу 2 милиони долари, а оваа информација ја пренесува NME. Објектот очигледно има историска и културна вредност, со оглед на тоа што Вајнхаус таму беше пронајдена мртва на возраст од 27 години.

Имотот неодамна беше ограбен, кога непознати сторители украле два од нејзините фустани кои требаше да бидат ставени на аукција во Фондацијата Ејми Вајнхаус, основата од нејзиниот татко со цел да им помогне на зависниците од наркотици како што беше и самата Ејми.




Врати се горе ↑