Македонија

2 јули, 2019

КУД „Илинден“ од Битола со прва награда за најубава женска носија на фестивал во Кипар

КУД „Илинден“ од Битола ја освои првата награда за најубава женска носија на 24. Меѓународен фестивал во Искеле во Северен Кипар. Станува збор за носија од битолско поле, стара еден век, која е во сопственост на Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола. Носијата претставена во комплетно издание предизвика воодушевување и беше избрана како најубава во конкуренција од повеќе носии од Турција, Аргентина, Киргистан, Чиле, Северен Кипар и други земји ширум светот.

Освоена е првата награда на Фестивалот во Искеле, С. Кипар…посебно сме горди што добивме ПРВА НАГРАДА за НАЈУБАВА ЖЕНСКА НОСИЈА! Честитки и очекуваме уште награди во останатите категории 🙂

Gepostet von КУД "Илинден" од Битола /CAS "Ilinden" from Bitola,R.Macedoniа/ am Sonntag, 30. Juni 2019

 

„Не можеме конкретно да кажеме на кого во минатото припаѓала носијата, но се знае дека е оригинална и постара од сто години. Ние во КУД ‘Илинден’ имаме преку дваесет носии од овој тип кои се во наша сопственост. Дел се подарени, дел набавени од друштвото. Често се случува луѓе кои ги имаат во своја сопственост да ни ги подарат зашто не можат да ги чуваат, а знаат дека нас ќе ни бидат од корист и ќе ги чуваме. ‘Илинден’ има една од најбогатите гардероби во земјава со оригинални носии. Ова е потврда дека фолклорните друштва се чувари на традиција“, за „Сакам да кажам“ изјави Антонио Димитровски, претседател на Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола.

На 22 јуни, друштвото го имаше својот завршен концерт за оваа година во Центарот за култура во Битола, а по претставувањето во Искеле, ќе учествуваат на фестивалот „Златен караѓоз“ во Бурса, Турција.

24 ти Интернационален фолклорен фестивал, Искеле, С. Кипар (28.06 – 07.07.2019)

Gepostet von КУД "Илинден" од Битола /CAS "Ilinden" from Bitola,R.Macedoniа/ am Sonntag, 30. Juni 2019



Врати се горе ↑