Македонија 11999691_990597114296872_6337504860658269495_o

25 септември, 2015

КУД „Дримкол“ од Вевчани на Меѓународен фестивал во Грција

КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивал за музика и танци „Музика и море“, кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во амфитеатарот во Паралија, младите членови на „Дримкол“ ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15-минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на наградата „Гран при“ на фестивалот. Во рамките на овој фестивал се организира и Балканска фолклорна вечер во Атина, на која македонската култура и традиција ќе ја претставува првиот фолклорен ансамбл на „Дримкол“.

КУД „Дримкол“ од Вевчани со оваа турнеја заокружува уште едно успешно работно лето во кое реализира: 50 македонски фолклорни вечери за гостите од Холандија кои престојуваа во Струга и Охрид, 5 гостувања низ државата во рамките на Летниот културен бран преку Министерството за култура на Р.М., учество на Балканскиот фестивал во Охрид и фолклорните фестивали во Битола и Велес, реализација на Фестивалот за народна култура „Пображење“ – Вечани.

За есенскиот период од „Дримкол“ најавуваат подготовка и реализација на самостоен концерт во Македонскиот народен театар во Скопје, кој ќе го реализираат во месец ноември и подготовка за Традиционалниот новогодишен концерт во Вевчани.



Врати се горе ↑