Македонија DSC_6128 (2)

11 јули, 2015

КУД „Дримкол“ од Вевчани на Балканскиот фестивал во Охрид

Завчера на сцената на Долни сарај, фолклорниот ансамбл при КУД „Дримкол“ од Вевчани ја воодушеви публиката со својот сценски настап на Балканскиот фестивал во Охрид. Овој ансамбл на програмата оваа година беше забележан во ново светло, односно наспроти изворниот  традиционален фолклор од дримколската област преку кој го препознаваме, Дримкол завчера беше верен чувар и презентер на градскиот фолклор од југозападното играорно подрачје.

Градската носија, чалгиската музика, автентичните и грациозни чекори, староградските песни беа елемнтите кои придонесоа Дримкол на оригинален начин да го пренесе на сцена градскиот фолклор од Битола, Охрид и од делови на Егејска Македонија, а со тоа уште еднаш да ја потврди својата посебност и оригиналност  пред многу бројната публика на овогодинешниот фестивал на народни игри и песни – Балканскиот фестивал во Охрид.



Врати се горе ↑