Македонија 2678117

8 ноември, 2014

КУД „Дримкол“ на „Денови на Mакедонското културно наследство“ во Азербејџан

Од 9-11 ноември во главниот град на Азербејџан – Баку и во градот- културната ризница – Агсу, ќе се одржат „Деновите на Mакедонското културно наследство“.  Централно место на манифестацијата ќе заземе настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани, кои ќе настапат со целовечерна програма при што ќе се презентираат традиционални песни и ора, носии и обичаи на Р.Македонија.

Во рамките на оваа манифестација, проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, ќе одржи предавање за богатото мултикултирно наследство на Македонија, последено со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови. Исто така ќе биде поставена и изложба на современи фотографии од културно наследство на Македонија, изготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, предводена од  м-р Василка Димитровска.

Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на Македонското културно наследство во Азербејџан“ ќе биде Организацијата за подршка и истражување на културно наследство „МИРАС“ од Баку, Азеребејџан, предводена од  проф. д-р Фариз Кхалили.

Деновите на Македонското културно наследство се поддржани од Министерството за култура на Р. Македонија.

 



Врати се горе ↑