Македонија _RAG7865

11 ноември, 2014

КУД „Дримкол“ ја воодушеви публиката во Азербејџан

Од 9-11 ноември во главниот град на Азербејџан – Баку и во градот-културната ризница – Агсу, се одржа манифестацијата „Денови на Mакедонското културно наследство“, а централно место на манифестацијата зазеде настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани.

Во преполната сала во колевката на културата во Азербејџан, градот Агсу, КУД „Дримкол“ ја воодушеви публиката со традиционални игри, изворни песни и носии од различни краишта на Македонија. На концертот присуствуваа значајни личности од политичкиот свет, уметници, како и претставници на Министерството за култура на Азербејџан, предводени од г-дин Ариф Алиев, директор за културно наследство од Министерството за култура и туриза во Азербејџан, и г-ѓа Марича Хусеинова, главен проект менаџер за археолошки туризам.

За прекрасниот концерт, на сцената јавно се заблагодари и градоначалникот на Агсу, а публиката остана во салата уште цели два часа за да се фотографира со нашите играорци. КУД „Дримкол“ од Вевчани уште еднаш ја потврдува својата професионалност и се докажува како вистински културен амбасадор на Република Македонија.



Врати се горе ↑