Македонија

8 јули, 2019

Кубанката Јасмина Лопез ќе запее на македонски

Кубанската пејачка Јасмина Лопез, која македонската публика ја знае како дел од групата „Јасмина и су беле беле“, наскоро ќе ја слушнеме да запее на македонски. Имено, групата често наспува низ земјава, а лани го најави и својот прв албум создаден и продуциран во Македонија. Најголемата поврзаност со нашата земја е скопјанецот Ѓорѓи Атанасов, од лани веќе и сопруг на Јасмина, со кого живее во Ново Лисиче.

Well two members of the Bele Bele finally got married.!!!!!

Gepostet von Bele Bele am Sonntag, 14. Oktober 2018

 

Освен со кубанските песни на шпански јазик, Јасмина планира да се претстави и со песни на македонски, во соработка со легендарниот композитор Григор Копров.

„Кога Копров ме слушна како пеам, ме праша што сум чекала досега и тоа за мене беше голем комплимент“, откри пејачката и додаде дека наскоро ќе се појави на еден врвен фестивал и тоа ќе биде нејзиното првенче.

Јасмина деновиве гостуваше и во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ, каде што имавме можност и да ја слушнеме со македонска песна, а целиот разговор погледнете го во продолжение.

Извори: Либертас / 1тв



Врати се горе ↑