Настани 1528657_583318855123100_446048155255058129_n

7 јули, 2014

Ксенија Николова со своите приказни, со танцов перформанс и музичка програма пред Клуб Матица

Клубот Матица Ве поканува на дружење инспирирана од книгата на младата и перспективна авторка Ксенија Николова со наслов „Идиотски приказни“, која ќе биде надополнета со одлична музичка програма и танцов перформанс. Сите присутни ќе имаат можност да се дружат со авторката, која воедно ќе потпишува примероци од своето дело.

Дополнително, настанот ќе биде збогатен со танцова програма која ќе биде навистина уникатен начин на спојување на танцот и книгата. За крај, одговорен за музичката програма ќе биде Иван Иванов кој ќе има свој сет на Булеварот на Книгите.

Настанот е закажан за вторник(08.07.2014) пред продажниот салон на Клуб Матица на бул. „Климент Охридски“, со почеток во 19.30 часот и ќе трае сè до 21.30 часот.



Врати се горе ↑