Македонија Tose-krvodaritel2

20 јануари, 2013

Крводарителска акција во чест на Тоше

Фановите во чест на македонската музичка легенда Тоше Проески организираат крводарителна акција. Хуманиот настан ќе се одржи на 25-ти јануари, на денот кога Тоше е роден. Акцијата ќе се одвива во Домот на АРМ во Скопје од 10 до 18 часотОрганизатори се Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум и Црвениот крст на град Скопје, а е поддржан од Фондацијата „Тодор Проески“

Денот на раѓањето на Тоше ќе биде одбележан со новиот албум „Best of Tose Proeski“. На проектот ќе се најдат 16 добро познати композиции што ја одбележаа кариерата на пејачот, меѓу кои една нова песна со наслов „Све је ово премало за крај“. Автор на музиката и текстот на новата композиција е Јелена Трифуновиќ, а аранжманот го направи Никша БратошОва е петто издание што Фондацијата „Тоше Проески“ постхумно го објави во јавноста. Досега беа промовирани албумите: „The Hardest Thing“ (2008), „Тоше и пријателите“ (2009), „Со љубов од Тоше“ (2010) и синглот „Kрушево“, кој се појави во 2011 година.



Врати се горе ↑