Настани

16 јануари, 2016

Крводарителска акција во чест на Тоше

Традиционално, на 25 овој месец, по дванаесетти пат ќе се организира голема крводарителска акција посветена на Тоше Проески, во знак на одбележување на неговиот роденден. Акцијата ќе се реализира во холот на Дом на АРМ од 10-17 часот. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше почна во 2010 година и оттогаш два пати во годината се реализираат во негова чест. Досега, на овие 11 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале околу 3.300 крводарители.

Организатори на акцијата се Црвениот крст на град Скопје, ООЦК Гази Баба, Институтот за трансфузиона медицина, Тоше фан форум клубот, како и волонтерите на „Клуб 25“.



Врати се горе ↑