1 март, 2013

Крваво „Чудо“ од Хртс

Кратко по објавувањето на првиот видео запис за синглот „Miracle“ од дуото Хртс, истиот беше отстранет од интернет. Сега пристигна нова верзија, во која двата члена – Тео Хачкрафт и Адам Андерсон се на мрачна сцена, опкружени со танчерки облечени во црна кожна облека, а во одреден момент лицето на Хачкрафт е облеано во крв, што и не е толку невообичаено за ова мрачно дуо.

Погледнете како изгледа новиот видео запис за „Miracle“, синглот од вториот албум на Хртс насловен „Exile“, чие објавување во Европа е закажано за 11-ти март.

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑