Аудио batania_youtube_videostill

20 септември, 2015

Крсте Роџевски ќе го промовира своето првенче во Скопје и Битола

Битолскиот музичар, кој ни е најпознат по соработките со Дуке Бојаџиев („Танго до Балчак“, „Дојди“ и др.), како и минатогодишната „Крк Крдаш“, Крсте Роџевски на 1 септември го објави својот прв студиски албум насловен „Батанија“, а по промоцијата во Њујорк, новиот материјал наскоро ќе го промовира и пред домашната публика. Имено, на 24 септември (четврток), Роџевски ќе го претстави првенчето во Менада“ во Скопје, а веќе следниот ден (25 септември, петок) и во култното битолско кафуле „Порта џез“, во рамките на програмата „Кога музиката ќе влезе во филм“, во чест на актуелното 36. издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Во Њујорк, „Батанија“ е оценет како „албум кој изобилува со копнеж, ритуал, загуба и движење на вина и естетика помеѓу генерациите. Крсте пее на македонски јазик, а композициите се изведени заедно со едни од највозбудливите музичари на њујоршкиот џез и импровизираната музичка сцена. Меланхоличен, но разигран. Архаичен, но сепак невин. ’Батанија’ е слаба меморија на работ на свеста, навестување на раката на оној кој ткае тешко, волнено ќебе. Мелодиите нè носат кон радиото-транзистор на непознатиот сосед, забавно и познато.“

Од новото издание на интернет се веќе објавени две песни – „Кадифе“ и „Ни ќар, ни зијан“, кои можете да ги слушнете во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑