Аудио

31 мај, 2017

Крсте Роџевски го опеа „Горно Дупени“

Битолскиот музичар со адреса во Њујорк, Крсте Роџевски го опеа Горно Дупени, а истоимената песна е всушност македонска верзија на темата „Eye of a Soldier“, сместена на неговиот втор студиски албум „Bitter Almonds“.

Вториот албум на Роџевски, „Bitter Almonds“ излезе на 7 јануари во САД, а својата промоција во живо ја имаше 8 дена подоцна, во култниот њујоршки клуб „Џос паб“ (Joe’s Pub), додека македонската промоција се одржа во април годинава, во МКЦ. Снимен е во студиото „Бункер“ во Бруклин, во периодот 26/27 јануари 2016.

И во оваа пригода Роџевски го придружуваат неколку врвни музичари од њујоршката џез и импро сцена: Мери Халвoрсон (електрична гитара), Тејлор Хо Бајнам (корнет), Крис Спид (тенор саксофон), Томика Рид (чело), Мајкл Бланко (контрабас) и Тома Фуџивара (тапани). Албумот, издаден за „Мач прифр рекордс“ (Much Prefer Records) на компакт-диск и винил, содржи десет авторски композиции на Роџевски отпеани на англиски јазик.

15940789_592547204287820_7982524828877375989_n

„Bitter Almonds“ е вториот албум од трилогијата „Апоптоза“ на Крсте Роџевски, а веќе е подготвен и материјалот за третото продолжение од оваа трилогија, под наслов „The Rabbit and The Fallen Sycamore“, албум што ќе биде снимен оваа година. „Bitter Almonds“ може да се најде во „Југотон“, „Пола Југотон“ и во МКЦ, како и онлајн.



Врати се горе ↑