Концерт KRS-ONE

1 јули, 2013

KRS One, татко на хип хоп културата

Веста дека на 7-ми јули во Скопје доаѓа таткото на хип хоп движењето одекна низ регионот на воодушевување на сите почитувачи на хип хоп културата и Балканот веќе со нетрпение го очекува неговиот концерт за прослава на 40 годишнината на хип хопот низ Европа! Несомнено, KRS One е ултимативниот лидер на хип хоп генерацијата, човекот кој ужива почит и статус на култ и кој ги обединува сите кои веруваат во оваа филозофија на живеење. Вечно искрен во својата креативност и веројатно единствениот кој со константен ентузијазам и квалитет ги одржува самите хип хоп постулати, без да потклекне под било каква шоу-бизнис или медиумска исфорсираност, тој продолжува да опстојува како институција, а неговиот стил стигнува до сите посветени на хип хоп филозофијата.

Во знак на почит кон неговиот лик, тргнавме со уживање во неоптоварен разговор со дел од оние кои го препознаваат “The Sound of The Teacha”. Џака Накот, Ронин, Жиле Рап Седум, Мац (Hiphop.mk), Небојша и Џоле (Hiphopmacedonia.com), Баже DSC, Домагој (Balkan Hip Hop Radio), De Dash.. зборуваат за Krs One и што тој претставува за хип хопот!

На секој рапер по дефиниција KRS ONE мора да му е во Топ 5 рапери” – Жиле Рап Седум

Еден од 5те рапери што мора да се видат пред да се умре” – Џака

Доаѓам од Загреб, ќе патувам 900 км. само поради Krs One, (…) ќе има супер дружба” – Домагој од Balkan Hip Hop Radio

Целото видео можете да го погледнете во продолжение.

 

На 7-ми јули во летниот клуб Колосеум во Скопје доаѓа еден од највлијателните MC-ја, кој ќе нѐ почести со настап кој што едноставно не смее да се пропушти. Американскиот легендарен MC и продуцент директно од Њујорк за прв пат пред македонската публика, заедно со неговиот препознатлив бум бап звук. Задолжен за вжештување на атмосферата пред самиот настап на KRS ONE, со неверојатната моќ за забава, позитивна енергија и секогаш жестоки сетови, како домашна поддршка ќе присуствува и Диџеј Славе.

Велат ова ќе биде број еден хип хоп настан во Македонија! Има уште 7 дена до концертот на Krs One, па оние кои сѐ уште не купиле карта ги известуваме дека промо влезниците од 400 денари ќе бидат достапни до денот на концертот, 7-ми јули кога везниците на влезот од клуб Колосеум ќе чинат 500 денари. Билетите се достапни онлајн (на следниов линк: http://karti.com.mk/eTickets/default.aspx) и во продажната мрежа на МКтикетс:

*СКОПЈЕ – Југотон, Office plus и Eleven Cafe (Капиштец)
*КУМАНОВО – Агора
*БИТОЛА – Hard Rock
*ОХРИД – ZZ TOP
*КОЧАНИ – Комисион Шишко

Настан: www.facebook.com/events/332566843537838/

KRS-ONE – “The Teacha” со актуелната турнеја ја слави 40 годишнината на хип хопот низ Европа. Неговата музика ја карактеризира бум-бап звукот и има соработувано со бројни славни артисти како Marley Marl, Dj Premier, Scott La Rock, BuckShot, Freddie Foxx, Showbiz, Fat Joe, Kid Capri и ред други звучни имиња од светот на хип-хопот. Значаен за хип-хоп заедницата ширум светот, честопати е наречен “Eсенцијата на рап музиката” , како еден од најдобрите што застанале зад микрофонот. Како дел од хип-хоп екипата Boogie Down Productions, е познат по поставувањето на патот на хардкор и социјално -политичкиот рап и по издавањето на еден од највлијателните рап албуми – “Criminal Minded” заедно со Скот Ла Рок. За неговиот талент говорат и бројните освоени награди како VH1 – Hip-Hop Honors (2004), BET – I Am Hip-Hop (2007), Lifetime Achievement (2007), Urban Music – Living Legend Award (2009). Крис исто така е и основач на движењето “Temple Of Hip-Hop” и “Stop The Violence Movement”.



Врати се горе ↑