Македонија

6 март, 2019

„Кроација рекордс“ ги објави хитовите на „Љубојна“

Дванаесет песни од сите фази од постоењето на етно-составот „Љубојна“ деновиве се објавени во колекцијата „The Greatest Hits“ (Најголемите хитови) од страна на „Кроација рекордс“, водечка дискографска куќа во регионот.

Колекцијата објавена за етикетата „Croatian World Music“ содржи внимателно избран пресек на нивната долгогодишна кариера, со што „Љубојна“ дискографски ѝ се претставува на пошироката публика во регионот, преку синтеза на емоции, со звукот на радоста и на тагата, еуфоријата, интензивноста и страстите, на нивниот единствен стил, меѓу чил-аут, поп, фанк, соул, џез и фолк.

Greatest hits collection на нашата етно сензација Љубојна, во издание на Кроација РекордсМакедонскиот етно состав…

Gepostet von Croatia Records Makedonija am Montag, 4. März 2019

Опусот на „Љубојна“ го создаваат гласот на Вера Милошевска и композиторско-продуцентската работа на басистот Оливер Јосифовски. Од „Кроација рекордс“, која во земјава се врати по 27 години, најавуваат дека албумот наскоро ќе биде и во музичката продавница „Југотон“.

Групата на 1 февруари одржа спектакуларен концерт со Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Џијан Емин, кој се погрижи за оркестрациите и аранжманите. Со одличната нова музика „Љубојна“ заврти нова страница во своето музичко творештво, а доколку немавте можност да присуствувате на овој уникатен настан, дел од атмосферата погледнете и слушнете во продолжение.

Петокот вечер ❤️…. Вашите овации и долги топли аплаузи, вниманието со кое го пиевте секој тон… Се што снимивте, се…

Gepostet von Luboyna Љубојна am Sonntag, 3. Februar 2019

 



Врати се горе ↑