Балкан Kristina-Kovac-Zeljko-Joksimovic

7 декември, 2013

Кристина Ковач и Жељко Јоксимовиќ гости на големото финале на британскиот X Factor

Јубилејното десетто издание на британскиот X Factor веќе е при крај. Вечерва ќе се одржи полуфиналето во чии рамки ќе настапат преостанатите 4 кандидати, а веќе утревечер ќе се дознае кои 3 изведувачи ќе бидат дел од големото финале закажано за 15-ти декември. Имено, токму на оваа финална вечер меѓу гостите ќе се најдат и спрските музичари Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач кои се дел од жирито на балканската верзија на овој музички натпревар.

Оваа вест ја споделија на своите профили на Твитер, а како што можете да видите од твитот на Ковач, таа е голем фан на британската сензација Уан Дајрекшн, група која се прослави токму со учеството во овој натпревар.

 

 

 

Дел од жирито во актуелното 10-то издание на британскиот X Factor се музичките менаџери Луи Волш и Шерон Озборн, британскиот музичар Гери Барлоу и американската пејачка Никол Шерцингер. Годинава навистина има одлични кандидати, но според досегашниот тек на настаните најголем фаворит е 36-годишната Сем Бејли, која ја воодушевува публиката со секоја нејзина изведба. Сепак, крајниот резултат ќе го дознаеме на 15-ти декември.

Што се однесува на нашиот X Factor, од вторник ќе имаме можност да ги видиме кандидатите кои продолжуваат во следната фаза наречена регрутен камп. Емисиите стандардно ќе се емитуваат на телевизиите Пинк и Сител, а веднаш потоа ќе бидат поставени и на ЈуТјуб каналот на X Factor Adria. 



Врати се горе ↑