Свет christina-aguilera-cee-lo-g

29 октомври, 2012

Кристина и Си Ло со нов дует

Судиите од талент шоуто „The Voice“, Кристина Агилера и Си Ло Грин ги здружија силите и ја испеаја прекрасната „Baby It’s Cold Outside“.  Како што полека се наближува сезоната на новогодишни и божиќни празници, Агилера и Грин се првите кои оваа година подготвија празнична нумера. Песната ќе се најде на празничното издание „Cee Lo’s Magic Momentкое би требало да се пушти во продажба на 30ти октомври.

Инаку, ова не е единствена соработка на овие двајца музичари. Нивната прва заедничка песна беше Make the World Move“ која ќе се најде на новиот албум на Кристина со наслов „Lotus“, а е закажан за 9ти ноември.

Слушнете како звучи оваа извонредна празнична песна со гласовите на Агилера и Грин.

 



Врати се горе ↑