Галерија 11156143_1643142972571405_5233995509015287364_n

24 април, 2015

Кристина Арнаудова со своја линија на чевли

Рок дивата Кристина Арнаудова во средата ја промовираше својата линија на чевли за македонскиот пазар. Секогаш во чекор со новитетите и трендовите, пејачката овој пат зачекори во светот на модата и дизајнот. Следејќи го примерот на ѕвездата од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер,  Кристина овој пат докажа и покажа дека е секогаш во чекор со светските модни приказни и новитети.

,,Моделите што ги барав со ременчиња не можев да ги најдам овде кај нас. Во мојата потрага по совршени чевли за мене, ги запознав ’Шевро’, оние кои можат да изработат сè што јас посакав и барав. Во таа соработка, дојдов до идеја да дизајнирам моја линија на чевли, за сеозната која претстои. На мое огромно задоволство чевлите веќе се во продажба во ’П.С. Фешн’ во ’Скопје сити мол’“, изјави Кристина.

Помеѓу присутните на промоцијата, кои и ја дадоа својата поддршка, можеа да се видат Александар Билјановски-Дадар, Цаци Паковска, Елена Стефановска, Верица Пандиловска, Лејла Сабит, бројни новинари и пријатели кои беа импресионирани од чевлите.

Станува збор за колекција на чевли, карактеристични по своето ременче, за сезоната пролет/лето 2015.  Чевлите ќе може да се видат во „Showroom“ катчето во продавницата за женска облека, „П.С. Фешн“ (P.S Fashion) во „Скопје сити мол“. За сите оние кои ќе сакаат да си купат пар чевли од колекцијата на Кристина, треба да повелат во просториите на продавницата, пробаат и нарачаат своите обувки, изработени од најстарата фабрика за чевли во Куманово, „Шевро“.

Кристина Арнаудова е доказ дека чевлите можат да го променат животот, да го направат покреативен и забавен. Пејачката освен што е актуелна по своите хитови, музика и настапи, таа веќе е препознатлива и по својот уникатен имиџ на рок дива, која сега го надополни со уникатни обувки за претстојната сезона.



Врати се горе ↑