Македонија Kristina i Ana

4 ноември, 2013

Кристина Арнаудова сними видео запис за макфестовската „Земи ме“

Со голема филмска екипа, продукција со тим на врвни професионалци, ексклузивитет на црвениот тепих во новиот театар, промовирање на модни парчиња кои човечкото око допрва ќе ги забележи, се само дел од сегментите со кои Кристина го оствари својот сон. Поп-пејачката Кристина Арнаудова деновиве во новиот театар го сними својот нов видео запис. Станува збор за видеоприказна за „Земи ме“, која што Арнаудова ја изведе минатиот месец на штипскиот фестивал „Макфест“.

„Гледајќи ги странските видеа, отсекогаш посакував да снимам спот на ваква локација. Подолго време си велев: Зошто ние немаме ваков театар за да можам таму да снимам? Па кога театарот беше при крај, кога видов како ќе изгледа, се фиксирав за таа идеја дека сакам да бидам прва што ќе снима на таа локација. За мене е голема чест што ми ја дадоа довербата да снимам и исклучително сум благодарна поради тоа“ – вели Арнаудова

Текстот за „Земи ме“ е нејзин, аражманот е на Бојан Трајковски од Ај кју, а музиката ја напишаа заедно. Продукцијата, пак, е на „Луминари медија“.  Ана Јорданова е режисер и продуцент на видеото: „Се најдовме двете со некоја многу слична енергија. Веднаш се разбравме, многу е лесно да се работи со неа, прекрасен човек е. Прв пат работам со жена-режисер. Жена си е жена, ние сме посензитивни, перфекционисти. Мислам дека оваа соработка ќе има одличен тек. Не се сомневам дека ќе имаме одличен производ, кој многу наскоро ќе го видиме“ – вели Кристина во врска со соработката со Јорданова.

Режисерката Јорданова, пак, вели дека се работи за спот што ќе биде динамичен и невообичаен: Голема чест ни е што сме прва екипа што ја има можноста да снима во новиот театар. Големо е задоволството да се снима во новиот ентериер. Има прекрасна заднина, и историска и визуелна, па ќе се обидеме да го направиме максимумот, да го искористиме просторот и да го покажеме театарот во најдобро светло. Соработуваме со повеќе индивидуалци од филмскара фела, значи се работи за независен проект. Соработката со Кристина ни оди одлично, имаме разбирање и креативна соработка. Работиме спот што ќе биде подинамичен, поневообичаен, со многу движења. Сакаме да покажеме што е можно повеќе од театарот, пред да има можност публиката да влезе во него – објаснува Јорданова.

Креациите што Кристина ги носи во новото видео се на Тања Кокев, а за шминката и фризурата задолжена беше Зорица Николова. Целата видео приказна се снимаше во театарот.



Врати се горе ↑