Аудио 10385304_4263355439470_2903055806370993529_n

27 мај, 2014

Кристина Арнаудова сними дует со Брејк

Непосредно пред промоцијата на новиот албум, Кристина Арнаудова денеска ја претстави својата нова песна која ја сними заедно со нејзиниот колега и долгогодишен пријател Брејк. Станува збор за темата насловена „Ако не исчезнам“ на која работеше екипата составена од Александар Митевски, Бојан Трајковски и Ѓоле Максимовски на бас. Како звучи оваа интересна соработка можете да слушнете во продолжение.

Промоцијата на новиот албум на Кристина кој го носи насловот „Земи ме“, е закажана за утревечер во Сити Хол со почеток од 20 часот. Покрај дуетот со Брејк, на новото издание гостуваат и имиња како што се Јасенко Хоура, Ѓуле – Ван Гог, Кокан Димушевски, Васил Хаџиманов



Врати се горе ↑