Аудио kristina-arnaudova

14 октомври, 2013

Кристина Арнаудова се враќа со „Земи ме“

По подолга пауза од музичката сцена, Кристина Арнаудова ја претстави својата нова песна насловена „Земи ме“, со која изминатиов викенд настапи на 28-то издание на фестивалот Макфест во Штип. Песната потпишана самата Кристина заедно со Бојан Трајковски, за жал не освои ниту една награда, но ќе добие свој видео запис кој ќе се снима во текот на оваа недела. Нејзиниот настап можете да го видите во продолжение, а како што најави, пејачката веќе следниот месец повторно ќе застане на фестивалската сцена, овој пат на фестивалот Скопје 2013.

 



Врати се горе ↑