Македонија

10 мај, 2017

Кристина Арнаудова се враќа со „Љубена“

По кусото отсуство од музичката сцена, Кристина Арнаудова се враќа со нов сингл, кој веќе се врти на македонските радија, а наскоро ќе добие и своја екранизација. Станува збор за темата насловена „Љубена“, чија музика ја потпишува Алена Попова, стиховите се на на самата Кристина, аранжманот го направи Дарко Тасев, а сето тоа е снимено во студиото на Кристијан Габроски.

„Звукот е оној што сте навикнале да го слушате од мене, кој сè уште и по толку години не можам да го сместам во ниеден жанр“, изјави Арнаудова, која за новата песна направи и фото-сесија.

ка

Инаку, во меѓувреме таа сними уште една нова песна во студиото на Кристијан, која ќе биде пуштена во етерот наесен, а како звучи нејзината „Љубена“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑