Македонија kristina 2

9 септември, 2013

Кристина Арнаудова најави настапи на Макфест и Скопски фестивал

По подолга пауза, пејачката Кристина Арнаудова деновиве на својот профил на Фејсбук најави два фестивалски настапи – на Макфест и Скопскиот фестивал. После три студиски албуми и паузата поради родителските обврски, пејачката веројатно повторно ќе се активира на музичката сцена и се надеваме дека во иднина паузите ќе бидат пократки. Последната песна којашто ја претстави минатата година е „Само еднаш“, како и преработката на познатата „Да си мерак песна“, оригинално изведена на Макфест, а во изворна верзија отпеана од Бисера Велетанлиќ, овојпат освежена и преработена во соработка со Васил Хаџиманов и Гаро јуниор на тапани.

Арнаудова на својот Фејсбук профил напиша дека работела на нова музика заедно со Бојан Трајковски, а песната за Макфест која ќе го носи насловот „Земи ме“, ја опиша со еден збор – грми! Таа истакна дека и нејзе ѝ е чудно што ќе пее на фестивали и дека никогаш немала пеено на Скопски, објаснувајќи дека не е фестивалски тип: „Целиот тој концепт дека песните треба да се натпреваруваат ми е заморен, ја уништува поентата на музиката…“ Во врска со другата песна која ја подготвува за Скопскиот фестивал, таа изјави дека има уште работа и сè уште нема наслов.

Во продолжение уживајте со „Само еднаш“.

 

 

 

 



Врати се горе ↑