Видео KA

8 ноември, 2014

Кристина Арнаудова ќе промовира видео запис за заедничката песна со „Ај кју“

Кристина Арнаудова деновиве го снимаше видео записот за песната „Сега ми требаш ти“, која ја отпеа заедно со групата „Ај кју“ и која се најде на нејзиниот албум „Земи ме“, промовиран во мај годинава. Како автори на песната се потпишуваат самата Кристина и Бојан Трајковски, а видео записот којшто ќе биде промовиран наскоро, е во режија на Дарио Јанковиќ. Снимањето се одвиваше на повеќе локации во Скопје и на Попова Шапка, а како ќе изгледа сето тоа можете да погледнете во промотивното видео во продолжение.

 



Врати се горе ↑