Македонија kristina-arnaudova-zemi-me-snapshot

26 мај, 2014

Кристина Арнаудова ќе го промовира новиот албум

Кристина Арнаудова оваа среда ќе го промовира новиот албум кој го подготвуваше подолг период. Новото издание е полно со соработки, различни стилови, а како гости се појавуваат и голем број балкански музички имиња како што се Јасенко Хоура, Ѓуле – Ван Гог, Кокан Димушевски, Васил Хаџиманов„На албумот има неколку стари и неколку нови композиции. Го работев долго време и бев внимателна при изборот на сите песни. Се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката“, изјави пејачката, која веднаш по промоцијата започнува со интензивни настапи и свирки низ земјата.

Пејачката минатата година се врати на музичката сцена со настапите на Макфест и Скопскиот фестивал, а макфестовската балада „Земи ме“ го доби првиот видео запис снимен во новиот театар во Скопје. Како изгледаше сето тоа можете да се потсетите во продолжение.

Извор: Вечер

 

 



Врати се горе ↑