3 август, 2017

Кристина Арнаудова ја екранизираше својата „Љубена“

Актуелниот сингл на Кристина Арнаудова, темата „Љубена“ доби и своја екранизација, за која се погрижи екипата на „Горила филмс“, под режисерската палка на Јован Куциновски. Соодветно со летниот период, видеото е снимено на доста препознатливи локации низ и околу прекрасниот Охрид, а прекрасно изгледа и Кристина во секоја сцена.

20294560_1589772271062288_8775781779436457784_n

Песната беше премиерно претставена во мај годинава, како автори се потпишани самата Кристина (текст), Алена Попова (музика) и Дарко Тасев (аранжман), а сето тоа се снимаше и продуцираше во студиото на Кристијан Габроски.

20108174_1577893962250119_745324846967209920_n

Фотографии: Фејсбук



Врати се горе ↑