5 август, 2016

Кристина Агилера, Зејн, Мигел и многу други на саундтракот за новата серија на Баз Лурман

Од „Ромео и Јулија“ („Lovefool од „Кардиганс“) до „Големиот Гетсби“ („Young And Beautiful од Лана Дел Реј), убиствено добар саундтрак е секогаш дел од проектите на Баз Лурман. Австралискиот режисер ни овојпат не се откажува од оваа навика, па во новата серија „The Get Down“, која ќе се емитува на Нетфликс, ќе се слушнат одлични песни од повеќе познати музички ѕвезди. Сместена во Бронкс, во доцните седумдесетти, серијата ќе го прикаже периодот на „залезот“ на диското и популаризацијата на хип-хопот, што ја објаснува разновидната екипа на музичари кои ќе дадат свој придонес за проектот.

 

Се чини дека Кристина Агилера ќе ја слушнеме во диско варијанта во „Telepathy“, за која соработуваше со „Шик“ легендата Најл Роџерс, а Зејн Малик ги здружи силите со Теди Пендерграс и „Грендмастер флеш“ за „You Can’t Hide“. Меѓу изведувачите на 24-те песни од саундтракот се најдоа и Мигел, чиј „Cadillac“ можете да го слушнете горе, Џејден Смит, Џанел Моне, Дона Самер и други, а комплетниот список ве очекува во продолжение.

The Get Down OST:

1. Jaden Smith – Welcome to the Get Down
2. Michael Kiwanuka – Rule the World (I Came From the City) [feat. Nasir Jones as Mr. Books]
3. Miguel – Cadillac
4. Raury & Jaden Smith – Losing Your Mind
5. ZAYN, Teddy Pendergrass & Grandmaster Flash – You Can’t Hide/You Can’t Hide From Yourself (Touch of Class GMF Remix)
6. Michael Kiwanuka – Black Man in a White World (Ghetto Gettysburg Address) [feat. Nasir Jones as Mr. Books]
7. Malay & 6LACK – Shaolin’s Theme / Pray
8. Leon Bridges – Ball of Confusion
9. Lyn Collins – Think (About It)
10. The Fatback Band & With – Are You Ready? (Do the Bus Stop) / Suga [feat. Sarrah Ruba]
11. Christina Aguilera – Telepathy (feat. Nile Rodgers)
12. Donna Summer – Bad Girls
13. Janelle Monáe – Hum Along & Dance (Gotta Get Down)
14. C.J. & Co. – Devin’s Gun
15. Garland Jeffreys – Wild In the Streets
16. Héctor Lavoe – Que Lio
17. Grace – Just You, Not Now (Love Theme)
18. Justice Smith – This Ain’t No Fairy Tale
19. Herizen Guardiola – Be That As It May
20. The Get Down Brothers – Get Down Brothers vs. Notorious 3
21. Kamasi Washington – Kipling Theme
22. Herizen Guardiola – Set Me Free (feat. Nile Rodgers)
23. Herizen Guardiola – Up the Ladder
24. Justice Smith as Ezekiel Figuero – Zeke’s Poem (I Am the One)

Извор: Idolator



Врати се горе ↑