Свет christina_aguilera_lotus-wallpaper-640x480

27 октомври, 2012

Кристина Агилера со нов албум

Ноември е плоден месец за светската музичка сцена. Меѓу многуте албуми кои имаат закажано промоција за следниот месец е и седмиот студиски албум на Кристина Агилера со наслов „Lotus“, кој ќе излезе на 13ти ноември. Неодамна Агилера го објави и конечниот список на песни кои ќе се најдат на овој албум. Од тринаесетте нумери, две се соработки со Си-Ло Грин и Блејк Шелтон, а тоа се „Make the World Move“ и „Just a Fool“. Покрај нив, дел од албумот ќе бидат и „Your Body“, „Red Hot Kinda Love“, „Best of Me“ и „Cease Fire“, а во луксузното издание на истиот ќе се најдат и четири бонус траки „Light Up the Sky“, „Empty Words“, „Shut Up“ и „Your Body Martin Garrix Remix“.

Агилера ќе настапува и на доделувањето на Американските Музички Награди кое ќе се одржи два дена пред објавувањето на „Lotus“. Највниот сингл за овој албум е „Your Body“, чијшто видео запис беше промовиран пред еден месец.



Врати се горе ↑