22 ноември, 2013

Кристина Агилера сними дует со „Грејт биг ворлд“

Групата „Грејт биг ворлд“ (A Great Big World) која е составена од пејачите и автори Ијан Аксел и Чед Вакарино, своето доаѓање на музичката сцена го најави со вториот сингл од нивниот деби албум „Is There Anybody Out There?“ најавен за следната година, а тоа е нумерата насловена „Say Something“ во која гостува познатата дива Кристина Агилера. Оригиналната верзија на песната објавена во септември дебитираше на врвот на американската листа „Billboard Digital Songs“ со продадени преку 200 000 примероци, а верзијата во која гостува Агилера беше претставена неодамна во музичката емисија „The Voice“, кадешто пејачката има улога на судија и ментор.

А сега, оваа балада доби и свое видео издание кое на реалистичен начин ги опишува проблемите на современиот живот за кои зборува и самата песна. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑