1 ноември, 2016

Кристина Агилера си направи видео за диско хитот „Telepathy“

Како што ви пренесовме летово, Кристина Агилера беше дел од саундтракот за новата серија на Баз Лурман, „The Get Down“, а за оваа приказна што раскажува за падот на диско музиката и раѓањето на хип-хопот, поп дивата го сними хитот „Telepathy“.

Потпишан од австралиската хитмејкерка Сиа во соработка со легендарниот Најл Роџерс, синглот се искачи на врвот на Билбордовата денс листа, па затоа пејачката реши самата да си направи видео запис и да ги израдува своите обожаватели, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

ca



Врати се горе ↑