Аудио

9 јуни, 2018

Кристина Агилера продолжува со „Like I Do“

Како што се наближува датумот за објавување на новиот албум, Кристина Агилера продолжува со промовирањето на новиот материјал собран под насловот „Liberation“, а сега на ред дојде ар-ен-би темата „Like I Do“, во која гостува раперот ГолдЛинк.

Ова е четвртата од вкупно 15-те песни на новото издание, што ќе стигне на 15 јуни и од кое веќе ги слушнавме „Accelerate“, баладата „Twice“ и дуетот со Деми Ловато за „Fall In Line“, а како звучи „Like I Do“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑