Свет ca

22 април, 2014

Кристина Агилера подготвува нов албум

33-годишната дива Кристина Агилера неодамна ги израдува своите фанови со најава за нов албум, поради што го откажа понатамошното учество во музичкиот натпревар „The Voice“ каде што имаше улога на ментор. Пејачката која го очекува и своето второ дете, на својот Твитер профил напиша: „Се чувствувам благословено што имам време да креирам прекрасни нови нешта… албум, бебе и прекрасна музика доаѓаат наскоро.“

По раѓањето на нејзиниот син, пејачката направи неколкугодишна пауза од музичката кариера, а нејзиниот повратнички албум „Lotus“ од 2012 година кој беше најавуван како „моќна колекција на песни потпишани од најголемите хитмејкери во музичката индустрија“, за жал не доби многу позитивни критики. Во изминатиов период беше актуелна со соработките со дуото А Грејт Биг Ворлд (Say Sоmеthing) и Лејди Гага, со која го сними дуетот „Do What U Want“, оригинално отпеан со Ар Кели. Новото издание ќе биде нејзин осми по ред студиски албум.

 



Врати се горе ↑