Аудио ca

8 април, 2015

Кристина Агилера најави нови песни

Дека работи на нов материјал, најави уште пред точно една година, а сега конечно ќе слушнеме нешто ново од Кристина Агилера! Познатата пејачка најави дури два нови сингла, кои ќе ги слушнеме на 21 април и кои ги носат насловите „The Real Thing“ и „Shotgun“, а се очекува да бидат дел и од тековната сезона на серијата „Нешвил“, која се емитува на американската телевизија Еј-би-си.

Секако дека ќе биде интересно да се види како 34-годишната дива ќе се снајде во водите на кантри музиката, но ако показател за тоа е неодамна снимениот дует со колегата Блејк Шелтон „Just a Fool“, тоа ќе биде одлично.

 

Покрај тоа, Кристина вредно работи на својот осми студиски албум и тоа со добро познатиот хит-мејкер Фарел Вилијамс, па се надеваме дека наскоро ќе слушнеме нешто и од тој материјал.

„Само треба да се осигурам дека ќе биде како што треба, искрено и од срце, и многу сум возбудена што целосно ќе му се предадам на овој албум. Собирав, пишував и добивав разни одлични идеи за тоа како се чувствував во текот на минатата година, така што едвај чекам да го вокализирам сето тоа“, изјави пејачката за новиот албум.



Врати се горе ↑