Аудио Christina-Aguilera-America-1

5 ноември, 2017

Кристина Агилера ја претстави својата „Америка“

Кристина Агилера веќе подолго време работи на наследникот на „Lotus“ (2012), но нејзините обожаватели деновиве имаа можност да ја слушнат нејзината нова песна насловена „America“, која е снимена за потребите на документарниот филм за воените ветеранки – „Отслужив како девојка“ (Served Like A Girl). Пејачката и овој пат ги здружи силите со долгогодишната соработничка Линда Пери, а резултатот од тоа е вистинска патриотска химна.

„Луѓето доаѓаат и си одат од овие хотелски соби. Барајќи шанса да им се исполнат соништата во Америка. Има голема иднина во оваа ветена земја, секој заслужува да ја има во своите раце во Америка“, пее Агилера во новата песна, која можете да ја слушнете во подолжение.

На саундтракот за документарниот филм запеаја и нејзините колешки, меѓу кои Пинк, Гвен Стефани, Наташа Бедингфилд и Пет Бенатар, а сите песни се потпишани токму од Линда Пери.

 



Врати се горе ↑