Видео kristijan-pasoski

20 октомври, 2012

Кристијан пее за „Играта на љубовта“

Кристијан Пашоски од неодамна професионално се занимава со музика. Тој има само 17 години и за само неколку месеци успеа да направи две прекрасни песни кои имаат свои видео записи, така што полека но сигурно ја освојува македонската естрада.

Неговата прва песна е одлична балада за која што самиот Кристијан е автор на текстот,  додека пак за музиката и аранжманот се погрижи Мими Марковски. „Без тебе” е насловот на оваа нумера, за чијшто видео запис беа задолжени Dream Cast production.

Кристијан неодамна го промовираше неговиот најнов видео запис за неговата нова  песна „Играта на љубовта“, повторно во соработка со Dream Cast production. Исто така за музиката и аранжманот на оваа песна беше задолжен Мими Марковски, додека пак текстот е на Кристијан. Тој со оваа песна оваа година се појави на летниот фестивал во Охрид „Канео фест”, каде што се врати со две награди и тоа трето место од публиката, и трето место од стручното жири.

Ова младо момче не застанува тука, тој се наоѓа на самиот почеток од неговата кариера  така што во иднина очекувајте многу новитети и изненадувања од негова страна. Кристијан заедно со неговата екипа периодов работи на неговиот најнов проект кој наскоро треба да се појави во јавноста.

 



Врати се горе ↑