12 јули, 2013

Кристијан Пашоски со нов летен хит

Кристијан Пашоски го промовираше својот најнов видео запис, за неговата најнова песна „Фантазија“. Се работи за летна песна во хаус електро стил, за која што не се сомневаме дека ќе биде хит ова лето. Музиката и аранжманот се на Мими Марковски,  а текстот е на Елена Трпковска.

„Спотот повторно е во соработка со Dream Cast Production. Снимањето помина одлично, се снимаше еден ден во студиото на продукцијата, во една супер пријатна атмосфера. Се работи за  многу ефектен, интересен и различен видео запис, со многу бои карактеристично за овој период од годината, за кој се надевам ќе му се допадне на самата публика.” – изјави Кристијан.

Кристијан периодов покрај тоа што ги освојува топ листите по радио станиците со својот нов летен хит, исто така со својот тим работат и на неговите нови проекти. Во иднина очекувајте многу изненадувања од негова страна, а неговата „Фантазија“ можете да ја видите горе.



Врати се горе ↑