4 јули, 2013

Кристијан Пашоски најавува летен хит

„Фантазија” е насловот на новата песна на Кристијан Пашоски, која во јавноста ќе се појави на 10.07.2013 година заедно со нејзиниот видео запис. Се работи за летна песна во хаус електро стил, за која не се сомневаме дека ќе биде хит ова лето. Музиката и аранжманот се на Мими Марковски, додека пак текстот е на Елена Трпковска.

„Видео записот повторно е во соработка со Dream Cast Production. Снимањето помина одлично, се снимаше еден ден во студиото на продукцијата, во една супер пријатна атмосфера. Нека очекуваат многу ефектен, интересен и различен видео запис, со многу бои, карактеристично за овој период од годината, за кој се надевам ќе ѝ се допадне на самата публика.” – изјави Кристијан.

Додека ја очекуваме неговата премиера, ексклузивно погледнете кратки инсерти од истиот.

 



Врати се горе ↑