Видео kj

9 октомври, 2016

Кристијан и Костадин со импресивни настапи во „Ѕвездите на Гранд“

Македонците продолжуваат да ги воодушевуваат жирито и публиката во емисијата „Ѕвездите на Гранд“, а после кичевчанецот Христијан Тришоски, уште двајца наши сограѓани се претставија во најдобро светло. Станува збор за Кристијан Јованов (27), кој ни е познат и по учеството на слични емисии како што се „Операција триумф“ и „Пинк ѕвезди“, и Костадин Петрушев (23) од Скопје.

Јованов се претстави со „Волим те“ од Лео Мартин и „Писачу јој писма дуга“ од Здравко Чолиќ, при што ги доби сите гласови од жирито, а како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение.

Впечатлив настап имаше и талентираниот скопјанец, кој пееше лежејќи, а жирито го спореди со рускиот пејач Дима Билан, чиј победнички евровизиски настап во 2008 година имаше слична кореографија. Петрушев се претстави со „Десет лаџа“ од Дино Мерлин и големиот хит на Тоше, „Срце није камен“, а благодарение на шесте гласа од жирито, продолжува во вториот круг од натпреварот.



Врати се горе ↑