Свет

22 јануари, 2019

Крис Браун уапсен во Париз и обвинет за силување

Популарниот американски пејач Крис Браун бил уапсен во Париз откако 24-годишна девојка го обвинила за силување, пренесуваат американските медиуми. Тој е задржан на распит со неговиот техохранител и уште едно неидентификувано лице.

Ова е само уште едно во низата несоодветни однесувања и судири со законот, вклучувајќи го и физичкиот напад на некогашната девојка Ријана во 2009 година, за што доби 5 години условна казна.

Тој беше уапсен и во јули минатата година за случај од април 2017, кога беше обвинет дека физички нападнал фотограф што го фотографирал без дозвола, а неколку месеци подоцна бил исфрлен од установа за рехабилитација откако го демолирал автомобилот на својата мајка за време на семејна сесија.

Од тимот на пејачот и од американската амбасада во Франција сè уште нема коментар околу овој инцидент.



Врати се горе ↑