Свет cb

23 март, 2015

Крис Браун: „Тоа беше најлошиот период од мојот живот!“

После шест години откако Крис Браун ја претепа својата тогашна девојка и колешка Ријана, ар-ен-би пејачот конечно ги исполни своите должности и задачи кои му биле предвидени со условната казна. „ПОВЕЌЕ НЕ СУМ НА УСЛОВНА!! Фала Богу!“, напишал Браун на социјалните мрежи.

„Скај њуз“ извести дека по донесувањето на одлуката судот да го затвори случајот и да ја укине условната казна на Браун, неговиот адвокат кусо изјавил за медиумите дека е воодушевен од одлуката. Браун признал дека физички ја нападнал Ријана во 2009 година, непосредно пред доделувањето на Греми наградите. Оттогаш јавноста повеќе се интересира за неговите судски процеси, отколку за неговата кариера.

Пред две години тој одржал настап во Калифорнија без дозвола од судот, заради што неговата условна казна била продолжена. Истата година, малку подоцна, удрил еден човек пред хотелот во кој претстојувал, заради што повторно завршил на суд. За казната морал да оди на рехабилитација, но бил исфрлен од клиниката заради непочитување на правилата.

Браун неодамна изјавил дека ѝ е вечно благодарен на Ријана што му простила за повредите кои ѝ ги нанел: „Се трудам најдобро што можам да бидам што подобра личност и да ѝ покажам колку ми е жал за тој инцидент“, изјавил пејачот во разговор со познатиот американски водител Рајан Сикрест.

„Тој период сигурно ми беше најлошиот во мојот живот“, заклучил тој.

 



Врати се горе ↑