Аудио nicki-minaj-chris-brown

25 јули, 2013

Крис Браун претстави нов сингл заедно со Ники Минаж

Од претстојниот шести студиски албум „X“, кој беше најавен со сингловите „Fine China“ и „Don’t Think They Know“ во кој се појавува и холограм од покојната пејачка Алија, Крис Браун сега го претставува и третиот сингл.  Овој пат Браун ги здружи силите со колешката Ники Минаж, а песната „Love More“ деновиве се појави на неговиот официјален VEVO канал.

Покрај оваа соработка, на новиот албум се очекуваат и гостувањата на Кендрик Ламар, Кели Роланд, Виз Калифа, како и неговата поранешна девојка Ријана, а за продукцијата, меѓу другите, се погрижија Дипло, Фарел и Тимбаленд. Изданието беше првично закажано за 16-ти јули, но според најновите информации ќе пристигне на 20-ти август.

„Love More“ можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑