Свет cb

29 септември, 2014

Крис Браун: „Медиумите секогаш ќе ме претставуваат како насилник“

Крис Браун, кој неодамна го објави својот долгоочекуван шести студиски албум насловен „Х“, ја заврши и својата тримесечна затворска казна. Музичарот вели дека тоа искуство многу го променило бидејќи „не можете константно да правите глупости“.

„Нема да добиете многу шанси, притоа не мислам само од луѓето, туку и од Бога. Важно ми е да имам некаков мир, да можам да се одморам и да го работам тоа што го сакам бидејќи сум благословен со оваа можност и со овој талент, и не сакам да го прокоцкам“, изјавил Браун.

За познатиот инцидент од 2009 година, кога ја претепа својата тогашна девојка Ријана, Крис вели дека тоа била огромна грешка за која знае дека ќе биде осудуван до крајот на животот: „Милион други познати личности можат да направат ист таков проблем и да се најдат во истата ситуација, но бидејќи нашиот случај беше толку многу познат и следен, медиумите секогаш ќе ме поврзуваат со насилство. Кога ќе го направат тоа, праќаат поголема порака. Тоа треба да ја подигне свеста за тој проблем и да му покаже да светот дека тоа однесување не е во ред“, додал пејачот.

 

Кога го прашале за неговиот пријател и колега Џастин Бибер, кој и самиот има проблеми со законот, Браун рекол: „Растењето пред очите на јавноста, дури и од мали нозе, со сиот тој успех доаѓаат и парите и девојките… тоа може многу брзо да ви удри во глава. Мене дефинитивно ми се случи тоа. Бев арогантен, безобразен, мислев дека сум непобедлив. Но, во одреден момент сепак морате да се сетите од каде потекнувате. Би рекол дека ние, како млади изведувачи, како млади, да речеме, икони, или луѓе кои постојано се во центарот на вниманието на јавноста, ја немаме таа можност да пораснеме позади камерите. Ние ја немаме таа привилегија да направиме грешка и за тоа никој да не дознае.“

 



Врати се горе ↑