Видео

27 април, 2019

Крис Браун и Тајга во новиот сингл на Маршмело – „Light It Up!“

Маршмело е вистински мајстор за хитови, а доказ за тоа се високите места на топ-листите ширум светот, меѓу кои сè уште акуелните „Happier“ (со „Бастил“) и Here With Me (со „Чрчис“), но се чини дека на повидок е уште еден погодок за американскиот продуцент. Имено, за новиот сингл насловен Light It Up!“, како засилување гостуваат хип-хоп и ар-ен-би ѕвездите Крис Браун и Тајга, кои сигурно ќе придонесат за зголемување на слушателската публика на Маршмело.

Оваа соработка може да биде особено значајна за Крис Браун, кој веќе подолго немал забележителен успех на топ-листите, веројатно заради бројните судири со законот. Тој во јануари годинава беше уапсен и обвинет за силување во Париз, но набрзо потоа беше ослободен и обвиненијата беа отфрлени. Во меѓувреме, 29-годишниот музичар објави неколку навистина одлични синглови, како што се „Undecided“ и „Back To Love“, чие видео е снимено токму во француската престолнина, а минатата недела стигна и соработката со Ники Минаж и Џи-Изи – „Wobble – сето тоа како вовед во деветтиот студиски албум „Indigo“ што се очекува во текот на годинава.

Имајќи предвид дека Крис е мултиталентиран уметник, музичар, танчер и актер, се надеваме дека ќе се „прибере“ и конечно ќе блесне како вистинска ѕвезда, а како звучи и изгледа соработката со Маршмело и Тајга, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑