13 април, 2013

Крис Браун и Ријана снимаат видео запис

Крис Браун е чувствително момче. Во неодамнешното интервју, на прашањето кои му се плановите за неговиот роденден на 5-ти мај, тој одговорил кратко и јасно: сака стриптизети!

„Сакав да направам забава со пена за мојот роденден. Ќе бидеме само јас, стриптизетите и многу пена.“ – изјавил Браун, кој појаснил дека во неговите видео записи нема девојки со големи облини затоа што сака да ја потенцира внатерешната убавина на девојките: „И затоа што некои девојки не можат да си дозволат инекции.“ – се пошегувал тој.

Меѓу другото, тој открива дека го сака Меклмор и дека снима видео запис со Ријана, но не сакал да открие за која песна станува збор и дали ќе се најде на неговиот претстоен албум „X“ (кој неодамна го најави со синглот „Fine China“), или пак од нејзиното актуелно издание „Unapologetic“, песната „Nobody’s Business“, која можете да ја преслушате во продолжение, а целосното интервју можете да го погледнете горе.

 

 

 



Врати се горе ↑