Свет drake-chris-brown-fight-600x450

30 март, 2013

Крис Браун го „напаѓа“ Дрејк и преку песна

Несогласувањата помеѓу Крис Браун и Дрејк датираат уште од јуни 2012 година, кога пејачот и раперот направија скандал во еден ноќен клуб во Њујорк. Но, како што пишува магазинот Idolator, Браун нема намера да ги среди односите со неговиот колега, па продолжи да го напаѓа и преку песна. Имено, во ремиксот на песната „R.I.P.“ можат да се слушнат стиховите „And if you started from the bottom, go on and come out the closet“, инспирирани од актуелниот сингл на Дрејк „Started From The Bottom“, а неодамна во еден холивудски клуб кога Браун ја чул оваа песна, само го грабнал микрофонот и рекол: „Диџејот може да го пушта ова ср*ње, но сакам сите да знаете – Дрејк е*и се!“

Како звучи ремиксот на „R.I.P.“ можете да слушнете во продолжение.

Извор и фото: Idolator



Врати се горе ↑