Свет

23 јануари, 2019

Крис Браун е ослободен, без обвинение за силување

Американскиот пејач и актер Крис Браун е ослободен од притвор во Париз, откако беше уапсен и обвинет за силување од страна на 24-годишна девојка. Како што пренесуваат американските медиуми, против пејачот не било поднесено официјално обвинение, но истрагата ќе продолжи.

По инцидентот, тој се огласи на социјалните мрежи, демантирајќи ги сите обвиненија. „Сакам да разјаснам дека ова е лага и комплетна глупост“, напишал тој во сега веќе отстранетата објава и додаде дека е непочитување кон неговата ќерка и неговото семејство.

The singer denied all accusations of rape.

Девојката која го обвинила за силување, тврди дека се сретнала со Браун и неговите пријатели на 15 јануари во ноќен клуб во Париз, а потоа се упатиле во хотел, каде што се случило наводното силување. Сепак, жена по име Ким Форд, која наводно присуствувала на настанот таа вечер, ги демантирала изјавите дека Браун и неговиот телохранител ја злоупотребиле девојката, но изјавила дека била физички нападната од друг маж.

„Не сум личноста што тврди дека била силувана од Крис Браун. Бев таму, но ништо не се случи, а човекот што ме удри немаше никаква врска со Браун“, рекла таа.



Врати се горе ↑