Свет cranberries

4 декември, 2012

Кренберис вечерва ќе настапат во Белград

Предводени од пејачката Долорес О’Риордан, членовите на бендот Кренберис вечерва ќе настапат во белградската „Хала на спортовите“ каде што ќе ги изведат нивните најголеми хитови кои ги прославија во деведесеттите години, како и песните од нивниот најнов албум „Roses“ кој беше издаден на почетокот на 2012 година.

„Би сакале да им отсвириме и некои песни од новиот албум, но и повеќе од старите хитови. Се обидуваме да имаме различен репертоар на секој настап со цел да изведеме што повеќе песни, само е невозможно да се задоволат баш сите желби бидејќи секогаш се наоѓа некој да праша: Зошто не го отсвиривте тоа и тоа?“ – изјавил Ноел, а пренесува српскиот медиум 24sata.

Додека беа на врвот на нивната кариера, ги свиреа песните „Linger“, „ Zombie“, „ Dreams“ и други кои повикуваа на бунт, а потоа направија пауза помеѓу 2003 и 2009 година, започнувајќи соло кариера. На прашањето колку овој прекин влијаеше на музиката на бендот подоцна кога решија повторно да се активираат, Ноел рекол: „Имавме време да размислиме за сè, да се посветиме на себе и да свириме со други луѓе. Потсвесно, тоа музички нè збогати, стекнавме поголемо искуство и го извлековме најдоброто од себе благодарение на тоа искуство“ – објаснил музичарот.
Со оглед на тоа што бендот е на турнеја од почетокот на годината кога го издадоа новиот албум, Кренберис планираат веднаш после концертот во Белград привремено да се збогуваат со сцената и да одат на заслужен одмор, а за време на одморот ќе размислуваат за нови песни. Инаку, празниците секогаш ги поминуваат со нивните семејства, а на прашањето што се слуша во неговата куќа покрај украсената елка и отворањето на подароците, Ноел одговорил: „Морам да признаам дека не ги сакаме баш тие празнични божиќни песни, па се слуша она што најмногу го сакам, а тоа се Two Door Cinema Clum, Bonnie Lass, но и музиката која ја сакам уште од детството, како што се The Smiths.“
Во продолжение да се потсетиме на еден од најголемите хитови на Кренберис, нумерата „Dreams“.
Извор: 24sata.rs


Врати се горе ↑