Настани bidkx (1)

25 март, 2013

Креирај го својот ЕГЗИТ!

ЕГЗИТ не е само музика.

ЕГЗИТ не е само тврдина.

ЕГЗИТ си ти.

За прв пат ЕГЗИТ фестивал ги повикува сите поединци и организации да го креираат фестивалот по своја мерка и да се придружат на ЕГЗИТ тимот! За таа цел покренат е конкурс под насловот „ЈАС СУМ ЕГЗИТ“, а на кој секој од фановите на фестивалот ќе може да ја направи сопствената бина од соништата, да предложи идеи, да внесе нова доза забава, да осмисли уметнички инсталации кои ќе ја красат тврдината, да дизајнира маици за ЕГЗИТ или да биде дел од рекламната кампања на фестивалот. Со учеството на конкурсот и креирањето на сопствен ЕГЗИТ, сите љубители на фестивалот ќе добијат шанса да ја реализираат својата визија, да освојат награда од 1000 евра и да станат дел од ЕГЗИТ тимот.

Ова е јавен повик за сите креативни поединци и организации да се вклучат во реализацијата на фестивалот, а главната цел е остварување на незаборавно искуство кое останува во сеќавање за цел живот. Сите се повикани да ги изложат своите предлози за унапредување на ЕГЗИТ, преку активно учество во повеќе области на конкурсот кој е отворен од 25-ти март до 25-ти април оваа година.

Со пријавувањето за категоријата Моја сцена на ЕГЗИТ обезбедете прилика да ги унапредите постоечките фестивалски бини, но и да креирате сопствена, сосема нова бина, како и сите нејзини дополнителни содржини. Бидете уметник, збогатете ја Петроварадинската тврдина и разубавете го секој нејзин агол со своите креации, пријавете ги своите идеи за Уметност на ЕГЗИТ. Сите заинтересирани поединци и организации, професионалци и аматери имаат можност да ги предложат своите забавни содржини од секаков тип преку пријавување на конкурскиот сегмент под наслов Забава на ЕГЗИТ, но и преку идеите поврзани со унапредување на маркетиншкиот аспект, брендингот и идентитетот на фестивалот, да земат учество во ЕГЗИТ АДвантура.

Мој дизајн на ЕГЗИТ нуди можност за дизајнирање на ЕГЗИТ маици, но и ги повикува сите заинтересирани да ги предложат своите идеи и да осмислат сосема нови ЕГЗИТ сувенири, знамиња и сите останати ситници поврзани со фестивалот. Исто така, овозможено е и аплицирање за категоријата Моја идеја на ЕГЗИТ, која на сите им остава целосна слобода да ги произнесат сопствените идеи кои тематски не се опфатени во останатите сегменти на конкурсот.

Пријавувањето е многу лесно, само посетете ја интернет страницата на фестивалот exitfest.org/jasamexit и пријавете се за категоријата на конкурсот која најмногу ви одговара!

Овој јавен повик има за цел да го поттикне креативното размислување на младите, како и нивното проактивно учество во создавањето на овогодинешната ЕГЗИТ Р:Еволуција. Аматери и професионалци, поединци и организации, визионери и реалисти – сите имаат можност да станат дел од големото семејство на ЕГЗИТ кое има за цел фестивалот да го направи уште подобро и позабавно место, кое го поттикнува креативниот дух и ја ослободува позитивната енергија. ЕГЗИТ е повеќе од само музички фетсивал, ЕГЗИТ е едно големо искуство и незаборавно доживување кое ни припаѓа на сите. Вклучи се и гордо кажи: „Јас сум ЕГЗИТ“!



Врати се горе ↑